Јавноста во соседна Грција е шокирана по пресудата што ја донесе тамошниот суд – 1,7 милиони евра казна за 68-годишен маж кој извршил злосторство врз животни.
Во едно рурално подрачје на Грција пронајдена е трошна зграда претворена во затвор за мачки. Внатре биле најдени 58 мачки без храна, без вода и со траги од физичко малтретирање.
Осомничениот, кој бил уапсен, на властите им рекол дека „ги собира животните од улица за да им помогне“, тврдејќи дека е „чувствителен на нивната состојба“.
Адвокатите на обвинетиот се обиделе да го прикажат како ментално болен, но експертската анализа докажала дека тој бил целосно свесен за своите постапки.
Поради екстремната суровост на делото, судот изрече рекордна казна од 1,7 милиони евра – највисока парична санкција за злосторство врз животни во историјата на Грција.
Во меѓувреме, спасените мачки се згрижени во локално засолниште.