June28 , 2026

Филков оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбиа

Share

Министерот за правда, Игор Филков оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбиа.

На средбата се разговараше за досегашната и идна соработка, со посебен акцент на поддршката што Обединетите Нации ја даваат во унапредување на човековите права и владеењето на правото.

Во наредниот период ќе се продолжи со успешните практики и ќе се развијат нови заеднички иницијативи за подобрување на законската регулатива, во согласност со меѓународните стандарди.

Министерството за правда останува отворено за соработка со сите меѓународни партнери, во насока на создавање праведен и инклузивен систем за сите граѓани.