July4 , 2026

Муслиу се врати во тимот на Сент Труден

Share

Висар Муслиу успеа да заздрави од повредата и повторно игра клупски фудбал во Белгија.

Стоперот се повреди на дуелот против белгискиот национален тим и оттогаш не играше. Имаше проблем и Македонија во дефанзивата, евиднтно беше отсуството на Муслиу од дресот со државниот грб.

По повеќе од месец и половина, Муслиу повторно игра фудбал. Играчот се најде на теренот на мечот меѓу Сент Труден и Леувен. За неговиот клуб Муслиу одигра 62 минути.

Последниот настап на клупски план за Муслиу беше на почетокот на месец октомври против Мехелен. Заради повредата на мускулот тој скокна четири средби.