June28 , 2026

Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка

Share

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во Владата.

По средбата, како што најавува владината прес-служба, следува потпишување договор за соработка, по што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска банка Де Грот.